Регион 29. септември 2019. / 22:20

Србинки лажеле дека се докторки во Швајцарија

Србинки лажеле дека се докторки во Швајцарија

Лажни докторки од Србија се уапсени во Швајцарија бидејќи илегално работеле во лекарска ординација во Цирих.

Тие се уапсени во моментот кога „докторката“ се подготвувала да стави инјекција со ботокс. Жените работеле во приватен стан во местото Адликон, а немале лицеца и дозвола за работа.

Како што пренесуваат српските медиуми станува збор за жени на возраст од 41 до 53 години кои во станот вршеле медицински и козметички третмани. Полицијата во станот открила соба за интервенции.

Ниту „докторката“, ниту нејзините две асистентки немале немале лиценци за давање на инјекции и вбризгување на препарати. Тие со години работеле во „ординацијата“ и заработувале големи суми бидејќи нивните цени на услугите биле пониски од швајцарските.

Во полицијата ги пријавил соседот, Швајцарец. Србите од тој дел на Цирих со години доаѓале кај нив на разни интервенции и биле задоволни.

Тие може да добијат 10 годишна забрана за влез во Швјацарија, а се што е пронајдено во ординацијата ќе им биде одземено.

Ова не е единствен случај на илегално работење во Швајцарија. Во мај оваа година во Цирих се уапсени 39 годишна физиотерапевтка и нејзиниот асистент(29)од Србија кој лажно с е претставувал како естетски хирург. И во нивната ординација се пронајдени препарати кои биле илеагално увезени во Швајцарија.