Регион 14. март 2020. / 20:00

Србија забрани влез за жителите на седум европски држави

Србија забрани влез за жителите на седум европски држави

Српската Влада денеска донесе одлука привремено да им забрани влез на странски државјани кои доаѓаат од Франција, Германија, Словенија, Австрија, Шпанија, Грција и Швајцарија, односно да го ограничат влезот и движењето за да се заштитат од коронавирусот.

Со оглед на тоа што има зголемување на набавките на основните производи за храна и хигиена, што доведе до недостиг на одредени производи во продавниците, членовите на Владата донесоа одлука за привремена забрана на извозот на основни производи за храна и хигиена.

Привремената забрана за влез во Србија останува за странските државјани кои престојувале во Кина и Кореја.

Забраната за привремен влез во Република Србија за странски државјани кои престојувале во Италија, Исламска Република Иран и Романија, исто така, останува во сила.