Поради временските неприлики последните денови во согласност со предупредувањата од Метеоролошкиот завод за наредните денови, вонредна состојба владее во 10 општини во Србија и во градот Чачак. Според помошникот-министер и началник на Секторот за вонредни состојби на полицијата, Предраг Мариќ, тимовите се на терен.
Тие, заедно со локалната самоуправа и останатите сили за заштита и спасување, ја следат ситуацијаѕа и по потреба одма ќе реагираат.
„Вонредна состојба во моментот е прогласена на територијата на еден град, односно Ќаќак, и 10 општини: на целата територија на општина Аранѓеловац, општина Ивањица, како и на дел од територијата на Горњи Милановац, Прибој, Љиг, Рашка, Пожега, Смедеревска Паланка, Велика Плана и Косјериќ“, вели Мариќ.
Во текот на денешниот ден немало случаи на загрозување инфраструктурни ниту во домаќинствата предизвикани од дождот, а со цел нормализирање, извршено е расчистување на патиштата на повеќе локации“, наведе Мариќ.