Регион 09. ноември 2020. / 11:11

Србија со нов изум: Создаден тест на ковид-19 кој може да го предвиди текот на болеста

Србија со нов изум: Создаден тест на ковид-19 кој може да го предвиди текот на болеста

„Наиса“ е попрецизен дури за 500 пати од останатите тестови, пишува РТС. Со тестот се утврдува точното ниво на антитела во крвта, што е од големо значење за лечење со крвна плазма. Покрај оваа, српскиот тест има уште една предност, односно може да го предвиди текот на инфекцијата.

Нишката фирма „Нео медика“ пред неколку месеци почнала со производство на првите српски тестови на коронавирусот кои во меѓувреме напредувале.

Според студијата направена во Германија, „Наиса тестот“ е дополнително развиен и сега кај пациентите освен моменталната состојба можно е да се предвиди и натамошниот тека на болеста.

На развој на „Наиса“ системот се работи повеќе од четири години, додека тестот на корона се развива од март.

Странскиот пазар особено е заинтересиран и за новата ИГА фракција со која, како што се истакнува, може да се утврди текот и исходот на болеста ковид-19. Затоа „Нео медика“ одлучила производните капацитети да ги прошири од 1.500 на 4.500 тестови дневно.