Регион 12. август 2020. / 13:34

Србија се подготвува да воведе ПЦР тестови за странците

Србија се подготвува да воведе ПЦР тестови за странците

Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ изјави дека се планира воведување на обавезителен ПЦР тест и изолација од 14 дена за странците кои ќе пристигнат во Србија.

Тој за Танјуг нагласи дека на следната седница на Кризниот штаб, која е закажана за оваа седмица, ќе биде прецизирано за кои земји се однесува.

Како што наведе, Србија сега има подобра епидемиолошка состојба отколку пред еден месец и сега тоа треба да се зачува.

Мораме тоа да го направиме, но врз основ на согледување на епидемиолошката состојба на земјите околу нас. Нема многу дилеми за Бразил и Индија, но мора да имаме добра проценка за европските земји. Одлуката ќе ја донесеме во следните неколку дена. За ова веќе разговараме, но не прецизиравме на кои земји ваквата мерка ќе се однесува, наведе Тиодоровиќ.

Напоменува дека за странците се воведува мерка за обавезителен негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа и мерка за изолација од 14 дена, бидејќи Србија сега има подобра состојба која се однесува на заболените од Ковид-19, во однос на многу европски и светски земји.

Србија во моментов нема вакви мерки за ниедна земја.