Регион

Србија: Самоубиство поради долгови за струја

Србија: Самоубиство поради долгови за струја
RIJEKA 04.01.2012. RIJEKA ILUSTRACIJA ELEKTRIČNO BROJILO,STRUJA,POTROŠNJA,ENERGIJA FOTO MARKO GRACIN

Маж на возраст од 44 години синоќа во едно село крај Ниш, Србија се убил, затоа што му била исклучена струјата поради долг од 22.000 динари.

Неговите роднини велат дека не можел да ја поднесе сиромаштијата и дека неговото шестчлено семејство треба да живее во куќа без струја.

Неговата сестра вели дека во последно време велел дека ќе се убие затоа што не може да ги издржува своите четири деца, а дека го дотепало исклучувањето на струјата.

Ги пратил жената и децата кај мајка и во Ниш, а тој испил етанол, а таа го нашла кога се вратила дома.

Вели дека нема пари да го закопа сопругот, а нема пари ни леб да им купи на децата.
Во 1999 година тие се преселиле од Косово во близина на Ниш, добиле куќа од Комесаријатот за бегалци, но немале работа и се издржувале од социјална помош.