Регион 21. август 2018. / 15:57

Србија сака да воведе задолжителен воен рок

Србија сака да воведе задолжителен воен рок

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека државата размислува од 2020/21 година повторно да воведе задолжителен воен рок, во траење од три или шест месеци.

Тој рече дека тоа зависи од анализата на Министерството за одбрана и дали финансиските средства ќе им овозможат да го сторат тоа.

Како што навел, во зависност од анализата и финансирањето, се разгледува можноста тој да трае три до шест месеци, но сé уште не е донесена одлука.

Тој се осврна на критиките на јавноста кои би можеле да следат по таков потег и изјави дека тие во секој случај се неизбежни, без разлика дали станува збор за задолжителна воена служба или не.