Регион 22. февруари 2021. / 11:35

Србија прва во Европа според бројот на вакцинирани кои примиле по две дози

Србија прва во Европа според бројот на вакцинирани кои примиле по две дози

Во Србија против коронавирус досега се вакцинирани 1.230.836 лица, а 428.202 лица примиле по две дози од вакцината, според податоците на српската Влада, пренесува „Танјуг“.

Според бројот на вакцинации на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија, а според бројот на ревакцинации на милион жители, е прва во Европа. По Србија се Малта и Данска.

Во светот, Србија е на 6. место според бројот на вакцинации на милион жители, по Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.