Регион 26. јули 2020. / 14:27

Србија прогласи портокалов метео-аларм

Србија прогласи портокалов метео-аларм

Во Србија е прогласен портокалов метео-аларм за Поморје, Шумадија, Источна и Југоисточна Србија.

Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде предупредување дека делови од земјата ќе бидат зафатени од силни ветрови и поројни дождови.

Не очекува нестабилно време со големи количества врнежи од 20 мм во кратоквременски период. Невремето ќе биде проследено со грмотевици и силен ветер во централните, источните и југоисточните делови на Србија – се наведува во соопштението на РХМЗ на Србија.