Регион 03. август 2018. / 13:51

Србија: Проблемот со српските бегалци од Хрватска и понатаму е актуелен

Србија: Проблемот со српските бегалци од Хрватска и понатаму е актуелен

Комесаријатот за бегалци и мигранти од Србија предупредува дека и понатаму се актуелни прашањата за неисплатените пензии, динарските и девизните заштеди, изостанокот на обнова на повеќе од 10.000 срушени српски куќи во подрачјата на кои немало воени дејствија, како и враќањето на одземеното земјоделско земјиште во Хрватска.

По повод, навршувањето 23 години од хрватската воено-полициска акција „Бура“, Комесаријатот потсетува дека од домовите биле протерани повеќе од 200.000 Срби, додека животот го загубиле или се водат како исчезнати повеќе од 2.000 лица.

Од почетокот на војната на просторите на поранешната СФРЈ, во Србија прибежиште побарале 610.000 Срби од Хрватска и Босна и Херцеговина, од кои денес статус на бегалци од Хрватска имаат околу 18.000 лица, наведе Комесаријатот за бегалци и мигранти од Србија.