Педесетгодишниот Синиша Радованчев од Панчево, кој на 21. ноември 2017 година, според полициските наводи ја прободел со нож во градите својата невенчана сопруга, 30-годишната Билјана Мијатовиќ, вчера во Основниот суд во Панчево, првпат говорел за злосторството.
Тој рекол дека немал намера да ја убие.
Стравичното злосторство се случило во изнајмен стан во Панчево, додека Билјана прославувала 30. роденден. Убиството следувало после бурна кавга на сопружниците околу пари, после што Синиша зграбил нож и ѝ го зарил на Билјана во срце.
Според наводите, Синиша бил во алкохолизирана состојба, а после инцидентот мирно повикал полиција, излегол надвор и ја дочекал патролата, која му ставила лисици на рака. Дванаесетгодишната ќерка на Билјана од првиот брак присуствувала на кавгата, а после трагедијата ја изнела својата 20-дена стара сестра, ќерка на Билјана и Синиша.
Имено, Билјана го нарекувала Синиша со секакви погрдни зборови, го нарекла и кукавица, а она што најмногу го здоболело е тоа што му рекла дека дури ниту детето не е негово, па земал нож и извршил убиство.
Синот на Синиша поднел барање за тарателство врз неговата сестра, бебето на Синиша и Билјана, па уште чека одобрување за тоа.