Регион 25. јуни 2018. / 11:05

Србија отвори две нови поглавја со ЕУ

Србија отвори две нови поглавја со ЕУ

Во Луксембург денеска ќе се одржи меѓувладина конференција на која Србија ќе отвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ – поглавје 33 за финансиските и буџетските одредби и поглавје 13 за рибарство. Делегацијата на Србија ја предводи министерката за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ, јави Танјуг.

Со двете нови поглавја, Србија ќе има 14 отворени поглавја, од кои две привремено се затворени.

Почетокот е планиран за вечерва во зградата на Советот на ЕУ во Луксембург, по што следи прес-конференција на претставниците на ЕУ и Србија.

Делегацијата на Србија, ќе ја предводи министерката Јоксимовиќ, а ЕУ – Европската комисија и бугарското претседателство со ЕУ.