Србија отворa нови преговарачки поглавја од претпристапната програма со Европската унија, објави Тaнјуг цитирајќи извор од Европскиот совет. Се уште не е специфицирано колку поглавја ќе бидат отворени.
Завршниот состанок на меѓувладиниот тим на ЕУ и Србија ќе се одржи во Брисел на 10 декември .
Тогаш ќе се одлучи колку поглавја ќе се отворат.
Потсетуваме дека процесот на пристапување на Србија започна пред три години со отворањето на две поглавја.
Едно од проблематичните прашања е независноста на Косово, еднострано прогласена пред 10 години.
Белград се уште не го признава и покрај инсистирањето и обидите на ЕУ за преговори.
Се уште има тензии меѓу двете земји, интензивирани во последниве месеци од формирањето на косовската армија и наметнувањето на драстично зголемени царински давачки за увоз на српски стоки.