Регион 23. август 2019. / 15:10

Србија официјално член на Азиската инфраструктурна инвестициона банка

Србија официјално член на Азиската инфраструктурна инвестициона банка

Србија официјално стана 73 националниот член на Азиската инфраструктурна инвестициона банка (Asian Infrastruture Investment Bank – AIIB).

Министерот за финансии Синиша Мали истакна дека тоа е голема вест за Србија, со членството во таа организација Србија добива пристап до поволните кредитни средства за реализација на приоритетните проекти.

Србија ги исполни сите неопходни процедури и услови за членство, а тие се усвојување на законот за потврдување на Акти за основање на а Азиската инфраструктурна инвестициона банка во Сообранието на Србија, депонирање Инструменти за пристапување и уплата на прва рата за учество во капиталот на Банката. Усвоено било на 15ти август оваа година, со тоа е потврдено членстовото.

Азиската инфраструктурна инвестициона банка, започнала со работа во 2006та година, а покрај Србија, ќе се придружат земјите како Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Шпанија и други земји.

Грција пак е нејзиниот 74 член.