Регион 29. февруари 2020. / 10:40

Србија одолева на корона вирусот, нема ниту еден заразен

Србија одолева на корона вирусот, нема ниту еден заразен

Во Србија до денеска не се регистрирани случаи на заразени од корона вирус, соопшти утринава министерството за здравство.

– До денеска, 29 февруари, до 8 часот утринава тестирани се две лица кои се негативни на новиот корона вирус, соопштија од министерството.

До вчера, 28 февруари, во националната референтна лабораторија на институтот Торлак тестирани се 32 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот – престој во област каде интензивно имало пренос на вирусот и присуство на симптоми на инфекција на дишните патишта.

Примероците на сите тестирани лица биле негативни на новиот корона вирус.