Регион 17. септември 2018. / 11:20

Србија од Кина купува воени дронови

Србија од Кина купува воени дронови

Србија ќе набави од Кина шест беспилотни летала од новата генерација, од кои две се со оружје и можат да се употребуваат за елиминација на жива сила и непријателски објекти и техника, објави „Новости“.

Според весникот, Кинезите сакаат да влезат со тој аранжман во Војската на Србија, а деталите треба да бидат познати по разговорите меѓу претседателите на двете држави, Александар Вучиќ Си Џинпинг во вторник во Пекинг.

Листата на корисници на таква модерна технологија од Кина е долга и на неа се ОАЕ, Саудиска Арабија, Египет, Казахстан, Нигерија, наведува весникот.

Тема на разговорите на делегациите на двете држави ќе бидат и беспилотни летала производство на кинескиот воздухопловен концерн Чангду, кои работат во рамки на корпорацијата АВИЦ (Воздухопловна индустриска корпорација на Кина).