Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека Србија в понеделник, на 1 јуни, ќе ја отвори границата со Бугарија.
Србија се залага за целосна слобода и слободен проток на луѓе, капитал и услуги апсолутно без никакви ограничувања. Ние тоа го покажавме кон сите соседи – изјави Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинарите.
Вучиќ истакна дека Србија ја отворила границата со Унгарија и дека „в понеделник ќе се отвори и со бугарските пријатели.“
Ние сме подготвени. Мислам дека со БиХ и С. Македонија тоа веќе функционира. Ние секогаш ќе се залагаме за тоа, затоа што веруваме дека тоа им носи корист на сите граѓани во регионот, а не само затоа што е тоа европско достигнување – порача Вучиќ.