Регион 18. октомври 2018. / 14:25

Србија мора да го признае Косово пред влезот во ЕУ

Србија мора да го признае Косово пред влезот во ЕУ

Австрија во целост ја поддржува Србија на патот за Европската Унија, но таа мора да ги реши прашањата со Косово, изјави претседателот на Австрија за време на дводневната посета во Белград.

„Унијата мора да инсистира на решавање на отворените билатерални прашања, граничните прашања со Косово мора да се решат“, изјави Александар Ван дер Белен на заедничката прес-конференција со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Ван дер Белен додаде дека генералниот став на ЕУ е дека овие проблеми мора да се надминат и дека тој верува дека Вучиќ посветено работи на решението.

„Ако двете страни решат да се помират, тогаш Европската Унија, САД и сите директни и индиректни учесници ќе бидат повеќе од среќни да ја разгледаат оваа ситуација“, вели Ван дер Белен.

Тој додава дека Србија е во водечката позиција помеѓу кандидатите за членство во ЕУ.

„Јасно е дека Австрија ја поддржува Србија на патот кон ЕУ, оваа посета е доказ за тоа“, изјави Ван дер Белен.