Регион 18. декември 2020. / 13:08

Србија ќе започне со вакцинирање против Ковид-19

Србија ќе започне со вакцинирање против Ковид-19

Во понеделник или вторник во Србија пристигнуваат првите дози на Фајзер вакцините. Ќе бидат набавени нешто помалку од 5000 дози.

Вакцинирањето прво ќе започне во домовите за стари лица.

Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија и дала согласност за увоз на Фајзерови вакцини.

Компанијата Фајзер/Бионтек, на 2-ри декември, им ја предале неопходната документација на Агенциите за лекови и медицински средства за регистрација на вакцини против коронавирус во Србија.

Велика Британија е прва земја која официјално ја регистрирала Фајзер/Бионетк вакцина за употреба, а по неа тоа го сториле Канада, Бахреин и Саудиска Арабија.

До 21-ви декември се очекува нејзина регистрација и во ЕУ, а вакцинација во земји на ЕУ започнува од 27-ми декември.