Се погласно се зборува дека можно е Србија да врати некои од рестриктивните мерки бидејќи, иако е вонредната состојба укината, короната и понатаму е тука, а многу граѓани се однесуваат како епидемијата да е завршена, пишува Србија Данас.
Иако последните денови е забележан пад на бројот на новозаразени, вчера сепак дојде до благ скок и тоа најмногу на јогот од земјата.
– Тоа е некаде 1,2 блиску до 1,3 отсто. Тоа е скок и искрено не ме изненадува, Сепак, рано е да се каже за еден ден, но треба да се биде свесен дека се зависи директно од нас, изјави епидемиологот Предраг Кон.
Сепак, место за паника нема, а важниот показател следува од понеделник. Односно, тогаш ќе стане јасно дали олабавувањето на мерките за Ѓурѓовден влијаеле на ширењето на вирусот и во која мерка. Освен тоа, минатата недела имаше и протест пред Собранието на Србија, за кое стручњаците исто така велат дека може да придонесе за зголемени бројки.
Во таков случај, една од првите мерки за кои се размислува е задолжителното носење маски, а за прекршување на правилото следуваат казни од по 200 евра.