Регион 25. јули 2019. / 18:43

Србија ќе побара од Македонија екстрадиција на Томор Морина

Србија ќе побара од Македонија екстрадиција на Томор Морина

Министерството за правда на Србија официјално е информирано дека Томор Морина, поранешен член на Ослободителната војска на Косово, е уапсен во Македонија по потерница на Србија.

Во Министерството за Танјуг изјавија дека ќе поднесат барање за екстрадиција на Морина. Со барањето за екстрадиција ќе бидат доставени и потребните документи за одлуката за екстрадиција.

Српското Обвинителство за воени злосторства го сомничи Морина за воените злосторства против цивилите во Косово.

Медиумите во Приштина вчера објавија дека Морина учествувал во борбите во косовскиот регион Дукаѓини.