Регион 30. декември 2020. / 10:58

Србија ќе и испрати на Хрватска помош од 1 милион евра

Србија ќе и испрати на Хрватска помош од 1 милион евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и испратил писмо на Владата на Србија во кое ги замолува милион евра од слободните средства да и се префрлат на Владата на Хрватска, како помош поради серијата земјотреси кои ја погодија оваа земја.

Вучиќ вчера рече дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска, и технички и финансиски и дека се надева дека земјотресот поминал со минимални жртви.

-Подготвени сме да пружиме секој вид на помош. Сакам Хрватска брзо да закрепне, брзо да ги обноват сите објекти – нагласил тој.

Вучиќ рекол дека Србија ќе помогне колку што може.

-Многу ми е жал и подготвени сме да пружиме секаков вид на техничка и финансиска помош – рекол тој.