Регион 05. февруари 2021. / 09:32

Србија ја надмина ЕУ по бројот на вакцинирани граѓани

Србија ја надмина ЕУ по бројот на вакцинирани граѓани

Србија вакцинирала 525.000 од своите 7 милиони граѓани за речиси две недели, стапка што ги надминува сите други европски земји, освен Велика Британија, според научното издание „Our World in Data”.

Една од клучните разлики е што повеќето шишиња се полни со вакцина на кинескиот фармацевтски гигант Синофарм.

Бидејќи имунизацијата во ЕУ беше отежната од одложувањата и контроверзиите, Србија – која е надвор од границите на блокот – го забрза процесот со свртување на погледот кон Истокот, обезбедувајќи зделки со кинески и руски производители, пишува АФП.

Кога се регистрираат за имунизација, Србите можат да одберат која вакцина сакаат да ја примат, Pfizer / BioNtech, Sputnik V или на Sinopharm.