Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, соопшти дека Србија испратила протестна нота до еврокомесарката за иновации, истражувања во културата, образование и млади, Марија Габриел, откако на веб страната на Европската унија беше објавено дека Никола Тесла е Хрват.
Јас неколку пати повторував, дека ако Никола Тесла живееше во Југославија (за време на Втората светска војна), тој ќе завршеше во концентрациониот логор Јасеновац – изјави Дачиќ за „ТВ Пинк“.
Вчера реагираше и српскиот министер за култура и информации, Владан Вукосављевиќ, кој изјави дека се надева оти институциите на ЕУ ќе и се извинат на српската јавност и дека таа „непримерна грешка“ ќе биде исправена без одлагање.
Вукосављевиќ додаде дека му е особено жал што е тоа се наоѓа на официјалната веб-страница на ЕУ, која, како што вели, „барем декларативно се залага за вистински историски погледи и политика на разбирање и взаемно почитување меѓу државите и народите во Европа“.