Регион 26. јануари 2021. / 10:55

Србија има 850.000 луѓе без основно образование, секој петти нема завршено средно училиште

Србија има 850.000 луѓе без основно образование, секој петти нема завршено средно училиште

Во Србија околу 14 проценти од населението, поточно 850.000 возрасни лица, немаат завршено основно училиште, иако тоа е задолжително со закон.

Во исто време, секоја петта личност нема завршено средно училиште, пишува „Блиц“.

Поразително е и тоа што 2,68 проценти од населението во Србија е без училиште, 11 проценти со нецелосно основно образование и 20,76 проценти со основно образование, додека речиси два проценти се неписмени (1,96).