Регион 03. август 2020. / 15:56

Србија има 258 новозаразени и осум починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Србија има 258 новозаразени и осум починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Во Србија во последните 24 часа се потврдени нови 258 лица заразени со Ковид-19, а во истиот период починале осум луѓе.

Ова е најмал број новозаболени во еден ден од 29 јуни наваму.

На респиратор се наоѓаат 146 пациенти.

Во изминатото деноноќие тестирани се 7.168 лица, а во болница се хоспитализирани 3.554 пациенти.

Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата изнесува 598 .