Регион 19. април 2020. / 22:00

Србија идната недела ги отвора фризерските салони, салоните за убавина и теретаните

Србија идната недела ги отвора фризерските салони, салоните за убавина и теретаните

Во Србија се слави Велигден без присуство на верници во црквите поради вонредните мерки во борбтата за спречување на ширењето на корона вирусот.

Забраната за движење за велигденските празници ќе трае до вторник во 5 часот изутрина, но српскиот претседател најави дека потоа ќе следува благо олабавување на рестриктивните мерки.

Од вторник полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот, при што пензионерите ќе можат да го изберат своето време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро. Дополнително, од следната недела ќе бидат отворени занаетчиските дуќани, а од 27 април и сите други продавници.

Фризерските салони, салоните за убавина и спортски теретани ќе почнат со работа по 27 април, но со посебна заштита. Планираме да ги отвориме рестораните и кафулињата помеѓу 3 и 10 мај, но со правење на оддалеченост. Меѓутоа, ако се влоши ситуацијата, ќе ги повлечеме сите мерки за ублажување и ќе се вратиме на постојните – објасни Вучиќ.

Србија досега има евидентирано 6.318 заразени лица со корона вирус, 122 починати и 753 излечени лица