Министерството за надворешни работи на Србија вечерва соопшти дека, по повод прогласувањето на амбасадорот на Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за непожелен, постапило на реципрочен начин.
Според дипломатската нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија до Министерството за надворешни работи на Црна Гора, црногорскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен и за персона нон грата.
Во нотата се вели дека, врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.
-Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа, се вели во нотата.
Се додава дека Министерството за надворешни работи на Србија ја искористи можноста да ги повтори изразите на својата посебна почит кон Министерството за надворешни работи на Црна Гора.