Регион 16. март 2019. / 12:07

Србија го укинува Музејот на воздухопловството во Белград

Србија го укинува Музејот на воздухопловството во Белград

Српската Влада донесе одлука да го укине Воздухопловниот музеј во Белград, бидејќи потребите за работа на установата можеле да се задоволат на порационален и поефикасен начин, пренесуваат српските медиуми.

Правата, обврските, имотот и архивската градба на музејот ќе ги преземе министерството за одбрана, а истото важи и за вработените.

Во одлуката владата наведува дека министерството за одбрана има обврска да го чува Музејот на воздухопловството како културен споменик.