Регион 07. април 2020. / 09:44

Србија го укина домашниот третман на заразените со Ковид-19, сите позитивни одат во болница

Србија го укина домашниот третман на заразените со Ковид-19, сите позитивни одат во болница

Пациентите кај кои е потврден вирусот „Ковид-19“ во Србија повеќе не можат да се лекуваат во домашна изолација.

Според новите упатства што ги добиле локалните властите сите лица позитивни на коронавирус треба да бидат пренесени од дома изолација во импровизирани болници во Белград, Нови Сад и во Ниш, од каде во зависност од нивниот здравствената состојба , како што е потврдено објави „Новости“ може да бидат упатени и во ковид-болниците.

Локалните власти се должни да ја следат оваа инструкција добиена од Министерството за здравство и Институтот „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

– Според одлуката на Владата, ова се однесува на сите дијагностицирани со коронавирус. Причината за донесување ваква значајна одлука да се запре ширењето на инфекцијата е двојна. Прво, пациентите дијагностицирани со Ковид-19 во домот можат да ја шират инфекцијата на членовите на семејството и околината, и второ се зема во предвид непредвидливоста на текот на самата болест, затоа што кај пациенти со лесна слика болеста може да ескалира, односно да дојде до влошување на состојбата на пациентот, објаснува д-р Верица Јовановиќ, директор на „Батута“.