Регион 23. јуни 2020. / 15:15

Србија ги заостри мерките: Носењето маска задолжително на сите затворени места

Србија ги заостри мерките: Носењето маска задолжително на сите затворени места

Откако секојдневно се регистрираат повеќе од 90 нови случаи на заразени со корона вирусот, српскиот кризен центар усвои нови мерки за борба против Ковид-19.

Според новите мерки, Клиничкиот болнички центар „Бежаниска коса“ станува специјализирана болница за лекување на пациенти заразени со корона вирусот, а таа цел ќе ја има и Клиниката за белодробни заболувања во Ниш.

Центарот утврди и дека од денеска е задолжително носењето маски на сите јавни затворени места, почнувајќи од јавниот превоз до продавниците, маркетите, рестораните, државните институции и слично.

Повторно е намален и дозволениот број на луѓе во затворен простор.