Националната асоцијација на туристички агенции на Србија испрати препорака на сите свои членки патувањата да се откажат до 31 мај.
Претставниците на туристичките агенции, претходно одлучија да се ускладат со мерките за вонредна состојба во Србија и да ги откажат патувањата до 15 мај. Меѓутоа, сега ваквата одлука е продолжена до крајот на месецот.
Причината за ваквата одлука, како што пренесуваат медиумите од соседството, е дека во моментов не постои начин за реализација на патувањата.
-Едноставно не гледаме начин да се реализираат патувањата. Дури и да се отвори авио-сообраќајот, ако остане правилото на карантин, нема да има туристички патувања, изјави директорот на асоцијацијата.