Регион 20. март 2020. / 13:18

Србија дозволи извоз на брашно во Македонија, пишува „Српски Телеграф“

Србија дозволи извоз на брашно во Македонија, пишува „Српски Телеграф“

Владата на Србија официјално дозволи извоз на брашно во земјите од регионот, меѓу кои и во С. Македонија, објави денеска белградскиот весник „Српски Телеграф“.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција најави дека и покрај привремената Одлука на властите во Србија за забрана на извоз на основните прехранбени производи поради епидемијата на коронавирусот и воведената вонредна состојба, сепак ќе им се излезе во пресрет на барањата на земјите во регионот, пред се на С. Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за извоз на брашно во тие држави.

Како што пишува „Телеграф“, српската Влада го дозволила извозот на брашно, што е потврдено и во „Службениот гласник“ на Србија.

– Од Одлуката за забрана е избришана ставката „брашно од пченица“, која се наоѓаше меѓу останатите 36 други ставки, наведува „Српски телеграф“