Тестови за утврдување на присуство на Ковид-19 од денеска се продаваат во аптеките во Србија по цена од 10 евра. Според српските аптекари тие се достојна замена за ПЦР тестот и едноставна е нивната употреба.
Тестовите се произведени во Јужна Кореа, а според статистиката, нивната точност е 98 процент. Тестовите се одобрени од Агенцијата за лекови на Србија.