Регион 04. март 2021. / 19:00

Србија до сега вакцинирала 95% од регистрираните граѓани од приоритетните групи

Србија до сега вакцинирала 95% од регистрираните граѓани од приоритетните групи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска за РТС изјави дека бројот на вакцинирани лица се приближува до 1,6 милиони.

Брнабиќ посочи дека 95 проценти од регистрираните од приоритетните групи се вакцинирани и ги повика граѓаните од сите возрасти да аплицираат за вакцинација.

– Утре очекуваме уште 500.000 дози од вакцина на ‘Синофарм’, а нов контингент на вакцината на ‘Фајзер’ се очекува в понеделник, рече Брнабиќ, најавувајќи дополнителна испорака и на руската вакцина „Спутник V“.

Таа додаде дека вакцините ќе бидат доволни, а ова е вистинскиот начин да се бориме против коронавирусот.

Брнабиќ предупреди на зголемување на бројот на заболени по примање на првата доза на вакцината, наведувајќи дека тоа е последица на опуштање и игнорирање на мерките, повикувајќи да се почитува епидемиолошката дисциплина по првата вакцинација и најмалку дваесет дена по примање на втората доза.