Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ изјавила дека на денешната заедничка седница на двата кризни штаба ќе се разгелдува дали е потребно да се воведе 24-часовен полициски час.
На прашањето дали има какви било мерки што може да се преземат пред воведувањето на 24-часовниот полициски час, Брнабиќ одговори во потврда, додавајќи дека тие ќе бидат разгледани денес.
„Постојат уште некои мерки. Мерки за коишто зборувавме – дали да се затворат жариштата за да не се шири вирусот во градовите каде што нема заразени. Постојат уште некои мерки до потполна забрана за движење освен до продавница или до аптека за време на викендите, затоа што гледаме дека најлоша е ситуацијата со дисциплината. Постојат уште мерки пред воведувањето на 24-часовниот полициски час, а некои ќе ги разгледаме денеска, рекла Брнабиќ.
Таа додала дека граѓаните ќе бидат информирани на време за да се организираат и затоа нема потреба од паника.
„Потребна е солидарност на граѓаните и колку сме дисциплинирани, мерките ќе бидат помалку рестриктивни мерки, но во спротивно државата нема да се срами од преземање на уште порестриктивни мерки“, истакнала Брнабиќ.