Според последните податоци во Србија во последните 24 часа се регистрирани 1.795 новозаразени со коронавирусот, а починати се 34 лица.
На респиратори се 201 пациент ширум земјата.
Тестирани биле 10.564 луше, од кои 16,99 отсто се позитивни.
Досега тестирани се 2.399.702, а позитивини биле 359.689.
Од почетокот на пандемијата починаа 3.582 пациенти
Премиерката Ана Брнабиќ закажа нова седница на Кризниот штаб.
– Утре заседава Кризниот штаб, донесуваме нови мерки или одлука за продолжување на постојните, рече таа.