Во Љубљана, ќе биде откриена спомен плочата на српскиот полковник Стеван Швабиќ, кој во 1918 година, заедно со српските војници и словенечките доброволци ја бранел Љубљана во Првата светска војна. Ова е договорено на денешниот состанок помеѓу заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ и градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.
Јанковиќ на состанокот изразил задоволство од овој предлог и истакна дека Белград и Љубљана имаат најдобри односи од сите главни градови на поранешна Југославија.
Инаку во 2016 година во словенечкиот главен град беше откриена бистата на Вук Стефановиќ Караџиќ, а до мај следната година во Белград ќе биде откриена бистата на Јернеј Копитар.