Американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел, оваа недела ќе ги посети Приштина и Белград.
Гренел, кој исто така е и специјален претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните преговори меѓу Косово и Србија, в четврток ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се состане со Гренел в петок наутро во Белград. Вучиќ од Давос изјави дека САД се подготвени да ги слушнат барањата на Белград во врска со Косово.
Гренел ќе ги посети Косово и Србија неколку дена откако тој посредуваше за договорот меѓу двете страни со германската компанија Луфтханза за повторно воспоставување на авиолинија Приштина-Белград.