Регион 15. мај 2018. / 15:53

Сообраќајот блокиран, улиците под вода – голема бура во БиХ( ФОТО)

Сообраќајот блокиран, улиците под вода – голема бура во БиХ( ФОТО)

Силно невреме пропратено со обилни врнежи и силен ветер, кој во попладневните часови вчера ја погоди Тузла предизвика поплави по улиците на овој град.

Многу автомобили се нашле под вода, а водата продрела и во подрумските простории на неколку згради во центарот на градот.

На главната расрсница, полицајци ги преусмеруваат возилата.

Отежнато одвивање на сообраќајот поради поплавите има и на раскрсницата во близина на СКПЦ Меџан и Тузла, каде исто така интервенирале полицајците.