Регион 11. февруари 2020. / 11:04

Сомнителен пакет предизвика паника во словенечкото Министерство за надворешни

Сомнителен пакет предизвика паника во словенечкото Министерство за надворешни

Сомнителен пакет утринава пристигнал во Министерството за надворешни работи на Словенија. Веднаш е повикана полиција. За каков точно пакет се работи и што има внатре се уште е непознато.

Веста за пристигнувањето на пакет официјално ја потврдија од Министерството кое го води Миро Церар.

Според тоа што може да се види на терен, поголем број полицајци и пожарникари се распоредени во непосредна близина на објектот, а може да се забележат и службени лица облечени во заштитни униформи со боци за кислород.

Полицијата најави повеќе информации во текот на денот.