Регион 13. May 2019. / 19:41

Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз

Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз

Атина и Солун од следниот понеделник ќе се поврзат со прв електричен експресен воз кој од над пет часа ќе го намали времето на патување на три часа и 55 минути, според генералниот секретар на Министерството за транспорт и врски на Грција, Танос Вурдас.

Тој за грчката новинска агенција АНА-МПА објасни дека станува збор за три нови брзи возови кои ќе бидат дел од секојдневниот распоред на грчката железница на релација Атина – Солун, а за патниците ќе им и интернет, јави дописничката на МИА од Атина.

Набргу се очекува од Италија да стигнат уште два нови брзи возови, а според АНА-МПА, следната среда, Министерот за транспорт и врски на Грција, Христос Спирѕис заедно со претставници на грчката железница ќе ја претставата новата електрифицирана пруга во два правци меѓу Солун и Атина.