Регион 28. август 2018. / 13:59

Собор на СПЦ ќе заседава за дефинирање на ставот за Косово

Собор на СПЦ ќе заседава за дефинирање на ставот за Косово

Вонредното есенско заседание на Светиот архијерејски собор на Српската Православна црква ќе почне на 6 ноември во патријаршијата во Белград. Една од темите е Косово.

Одлуката за одржување на заседанието била донесена за време на пролетното заседание.

Неименуван извор рекол дека главната причина за одржувањето на Соборот биле проблеми во црковното образование, но дека секој архијереј ќе може да предложи продолжување на агендата.

„Во врвот на СПЦ наведуваат и дека ситуацијата во покраината заслужува дискусија на највисоко ниво на црквата и наведува дека меѓу владиките постојат силни струи на оние што сакаат да го отворат и ова прашање, за СПЦ повторно да заземе став за него. Црквата ќе мора што е можно поскоро да заземе дефинитивен и јасен став за ова прашање“, изјави познавач на состојбите за локалните медиуми.