Маскирана загрепчанка со пластичен пиштол ограбила 12 бензински пумпи и киосци. Полицијата се сомнева дека 33-годишна жена од Загреб во периодот од 2016 до октоври 2018 година извршила шест кражби на бензински пумпи и шест во киосци во Нов Загреб. Притоа таа успеала да украде пари и плен во вредност од над 38 илјади куни.
Полициската истрага утврдила дека таа маскирана со марама, очила и качулка влегувала во бензиските станици и киосците, кои ги ограбувала заканувајќи се со пластичен пиштол.
Парите што ги крадела ги трошела за секојдевни потреби.