Првиот снег на оваа сезона падна на далматинските Динарски Планини и Камешница, како и на планините долж границата со Босна и Херцеговина, објавија хрватските медиуми.
На највисоките делови на планините со над 1.600 метри надморска височина, температурата на воздухот падна на само еден степен, пренесува порталот „Далмација денес“.
Поради силната бура и ветрот кој дува на брегот чувството е како да е минус пет степени, пренесуваат медимуте. Според најавите, бурата во Далмација ќе продолжи и во наредните два дена но ќе дува само ветер и температурата ќе бележи пад, но врнежите од снег ќе престанат.