Регион 05. јануари 2020. / 16:14

Снег од 70 сантиметри го забави сообраќајот до Копаоник

Снег од 70 сантиметри го забави сообраќајот до Копаоник

Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС.

Најмногу проблеми има на патот Рудница – Копаоник, во викенд населбата, каде што чистењето на снегот е отежнато поради паркираните возила.

Како што пренесува РТС, патот од Рудно кој води до Ибарска магистрала е завен, а снежните наноси достигнуваат до еден метар.