Полицијата во Копер соопшти дека привела 75 мигранти кои илегално ја преминале границата од петок до понеделник и уапсила тројца шверцери на мигранти, кои биле изведени и пред истражен судија.
Според податоците на полицијата едно од уапсените лица имало и двојно државјанство, едно од Србија и едно од Босна и Херцеговина.
Истражниот судијата првично наредил притвор само двајцата државјани, едниот на Турција, другиот на Пакистан, кои биле фатени додека превезувале странски државјани, но подоцна издал наредба во притвор да биде задржан и третиот шверцер, државјанинот на Србија и БиХ, објавуваат тамошните медиуми.