Словенија е загрижена поради повторното ширење на Kовид-19 во соседна Хрватска.
И покрај тоа што за словенечкиот Национален институт за јавно здравје, состојбата во Хрватска сè уште е под контрола и земјата е во групата на епидемиолошки безбедни, сепак од Владата објавија дека со загриженост следат што се случува во Хрватска.
За словенечкиот министерот за здравје, Томаж Гантар, Хрватска полека станува небезбедна земја во однос на ширењето на корона вирусот.
Загрижен сум за тоа што се случува во Хрватска и се плашам дека ситуацијата дополнително ќе се влоши. Во случај ако се утврди дека поголем дел од новозаразените со корона вирусот во Словенија се увезени случаи од Хрватска или ако, пак, во соседната земја продолжи да се шири вирусот, тогаш сите оние кои доаѓаат од Хрватска во Словенија ќе мораат да одат во карантин, бидејќи земјата ќе биде ставена на „црвената листа“ – изјави Гантар.
Во Хрватска сега се регистрираат по дваесетина нови случаи дневно, што претставува големо зголемување, имајќи предвид дека изминатите недели имаше многу денови без новозаразени.