Граѓаните над Словенија се пред еден од најтоплите Божиќни денови во последните 70 години. Според прогнозите на метеоролозите за време на празникот, на некои места во државата темературите ќе се искачат и до 14 степени.
Според мерењата потопло во овој дел од годината беше само пред 10 години кога беа измерени 19 степени. Според истите податоци, температура над 10 степени за божиќните празници во Словенија се измерени во 1967, 1977, 1995, 1997, 2012, 2013, 2014 2015 и 2017 година.
Сепак, според најавите на метеоролозите, заладување ќе има во почетокот на јануари за кога е најавен пад на температурите до граница нормална за тој период од годината, а поради спуштање на влажна воздушна маса ќе има врнежи од снег.