Регион 24. јуни 2020. / 19:00

Словенија планира да врати дел од рестрикциите и повторно да ги отвори карантинските центри

Словенија планира да врати дел од рестрикциите и повторно да ги отвори карантинските центри

Поради појавата на нови случаи на корона вирусот во земјата и регионот, Словенија размислува повторно да воведе дел од рестриктивните мерки за граѓаните и повторно да ги отвори карантинските центри.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес-конференција соопшти дека не се работи за строги мерки, односно дека најверојатно повторно ќе биде задолжително за граѓаните да носат заштитни маски во сите затворени простории, а поради увезените случаи најверојатно и повторно ќе се отворат карантинските центри.

Албанија и Португалија поради влошената епидемиолошка слика се новите држави ставени на „црвената листа“, а нивните граѓани при влегувањето во Словенија ќе мораат да одат во 14 дневна изолација или карантин.

Вчера во земјата беа потврдени 13 нови случаи на лица заразени со корона вирусот што е најголемо дневно зголемување од 24 април.

Според словенечката Цивилна заштита се работи пред сè за случаи кои се „увезени“ од Босна и Херцеговина.

Се работи за примери на заразени кои вирусот го добиле во Босна и Херцеговина. Треба да искажеме и пофалба бидејќи новозаразените веднаш се изолирани, а се најдени и сите оние со кој тие имале контакт – изјави Сречко Шестан од словенечката цивилна заштита.